Предлогот за разрешување на Зврлевски денеска е испратен до Собранието

Сподели

Предлогот на Владата за разрешување на обвинителот Марко Зврлевски денеска е потпишан од генералниот секретар Драги Рашковски и испратен до Собранието.

Минатата  недела Советот на јавни обвинители со мнозинство гласови го прифати владиниот предлог за разрешување на Зврлевски.

Се очекува Собранието да закаже седница на која ќе се разгледува предлог одлуката за разрешување на Јавниот обвинител. Според Законот, Зврлевски има право да присуствува на седницата на која пратениците ќе расправаат за разрешувањето и да се произнесе по овој предлог.

Зврлевски од претходната опозиција а сегашна власт беше обвинуван за штитење на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери и хајки против функционери на СДСМ и критичари на претходната власт.