Денеска продолжуваат преговорите во Пржино

Сподели

rezidencija-na-EU-860x680

Денеска во 13.30 часот продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии во Пржино. На средбата се очекува да се разговара за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список.

Без договор, пак, заврши вчерашнара маратонската преговарачка сесија со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав.

Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време.

– Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време – рече Бејли.