ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА МОНИТОРИНГ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

Сподели

politicki-partii

Денеска државната комисија за спречување корупција, во рамките на ИПА твининг проектот „Подршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, ќе организира конференција на тема „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“.

На конференцијата најавени се обраќања на министерот за правда Валдет Џафери, амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, главната ревизорка на Република Македонија Тања Таневска и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски.

Експерти од Полска и од Македонија ќе претстават различни аспекти во спречувањето можни коруптивни дејства во финансирањето на партиите и изборните кампањи.