Денот на независноста со прослава во дворот на Владата на Република Македонија

Сподели

Денот на независноста – 8 Септември ќе се одбележи под отворено небо, во дворот на Владата на Република Македонија.

Прославата ќе биде со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини, како и маестро Џијан Емин, кој ќе го изведе проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс.

Ќе настапат и познатите домашни ДЏ-и, Феки Фарис и Огнен Узуновски Оги. За најмладите, забавата ќе ја обезбеди 5+ Бенд.

На настанот ќе се обрати и Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Се гледаме на 8 Септември, во 18 часот, пред Владата на Република Македонија!