Деркоски во 2011 година добивал наредби од Јанакиески за гласањето – тој не се сеќава дали ги послушал инструкциите

Сподели

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, во „бомбите“ кои се пуштаат денеска во судница за време на рочиштето за „Титаник“ на СЈО, два дена пред изборите во 2011 година добива инструкции од обвинетиот Миле Јанакиески да се залепат плакати за сателитската партија СДПМ, за да се збунат гласачи на СДСМ.

Станува збор за партијата која на секои избори излегува со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на избори листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев, Игор Ивановски и Јанис Макрис.

Во еден од разговорите од 30 мај 2011 година, Јанакиески, на Дерковски, кој тогаш бил директор на МЖ Транспорт, му вели дека ќе добијат материјали и насоки за денот на гласањето:

– Нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. До 9 да гласаат. До 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а после неопределените – вели Јанакиески, а тој му вели „добро, во ред“.

Претходно Миле Јанакиески и Горан Трајковски, тогашниот директор на УЈП, договараат да затворат 4 дуќани кај „Циганите“, како што ги нарекуваат, во Струмица.

– Има сет дуќани, четири дуќани во ромско маало во Струмица се полни до врв со брашно. Со нив Заев ќе купува гласови. Затворете ги дуќаните, тамам пазарот заврши. Речете им канцерогено е – му вели Јанакиески на соговорник Ѓоко од Инспекторатот за храна и ветеринарство.

На сето ова Дерковски излезе со изјава:

“Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но јас дали сум го направил тоа што тој го кажал е друго прашање, навистина не се сеќавам, рече Дерковски за „Макфакс“.