Десет години затвор за девојката која го уби 16-годишното момче

Сподели

 

Тетовскиот Основен суд денеска ја објави пресудата за убиството на 16-годишниот Б.Х., чие тело беше пронајдено на 22 декември минатата година, по 7- часовна потрага во реката Пена, на местото викано Бањиче.

„Основниот суд Тетово денес донесе пресуда за настанот случен на ден 21.12.2022 година на местото викано Бањиче, во кој е лишен од живот детето Б. Х. на возраст од 16 години, а за кој настан постапката се водеше спрема дете во судир со законот на возраст од 17 години, за кривично дело Убиство по чл. 123 ст.2 т.1 од КЗ. Судот донесе пресуда со која детето во судир со законот е огласено за виновно и изречена му е казна Затвор за деца во траење од 10 години“, се наведува во соопштението од Основниот суд во Тетово.