На муслиманите во Русија и остатокот од светот Бајрам честитаа и рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитри Медведев
МОСКВКА (AA) – Импознатниот комплекс на Централната џамија во Москва утрово беше премал да ги прими сите муслимани кои бајрам-намазот го клањаа долж неколку улици и платоа околу џамијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Како и во остатокот од светот, и муслиманите во Русија денес го одбележуваат Рамазан Бајрам, а џамиите и во таа земја утрово беа премали да ги примат сите верници ба бајрам-намазот.
Централната бајрамска свеченост одржана е во Централната џамија во Москва.
Неколку улици околу џамијата и денес беа преплавени со верници кои клањаа Бајрам намаз.
Целата свечаност се одвиваше со исклучително засилени безбедносни мерки, а сите верници пред влегувањето во кругот на џамијата поминаа полициски контроли.
Муслиманите во Русија и остатокот од светот Бајрамот го честитаа и рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитри Медведев.