Дескоска ќе бара да се укине годишното финансирање на политичките партии

Сподели

 

Министерката за правда Рената Дескоска на својот официјален фб профил објави дека ќе бара да се укине годишното финансирање на политичките партии.

“Како министер за правда во чија надлежност е Законот за #финансирање на #политичките #партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се #укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година. Се надевам дека сите политички партии ќе ја поддржат предложената уредба. #СолидарностНаДело”