-Идејата што ја промовираше премиерот за помирување и неколку пати објасни јавно дека помирувањето не смее да значи амнестија, не смее да значи неодговорност за одредени постапки кои што се случени, рече министерката за правда Рената Тренеска Дескоска, во интервју за 1ТВ.
„Тоа се акти на насилство во кои што многумина пролеаја крв. Акти кои оставија лична, но и колективна траума на општеството.”
„Она што е акт на насилство, не смее да има амнестија. Ние мораме да покажеме капацитет како држава дека можеме да процесираме она што се води како случаи на СЈО и за насилствата при организираниот напад на Собранието на 27. април. “