Деспотовски: Компаниите-апликанти да се изјаснат дали имаат газди функционери

Сподели

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, денеска на прес-конференција ги повика компаниите во рок од 15 дена да се изјаснат дали во сопственичката структура имаат лице носител на јавна функција по скандалот за злоупотреби при доделувањето грантови на јавниот повик.

„Сопственоста на компанијата не е критериум за одлучување, ние не сме истражен орган. За оние компании за кои ќе се утврди дека има судир на интереси, ќе побарам од комитетот повторно да ги разгледа. Имавме јавен повик и траеше 45 дена имаше повеќе од 20 јавно настани да ги повикаме да аплицираат. Ова не е тендер ова е нов модел од западните земји, прв пат се применува. 80 домашни и 5 надворешни експерти одлучуваа, не од јавна администрација ни влада. Од 235 компании, 160 добија можност плус 30 добија согласност. Се уште немаме потпишано договори, ниту еден денар од буџетските пари не е исплатен, ако сакавме нешто да скриеме ќе ги потпишевме првин договорите, па тогаш ќе објавевме – посочи Деспотовски..

За следниот јавен повик при аплицирање ќе предвидиме секоја компанија да декларира дали има член на јавна функција или во потесното семејство.