„ДЕЦАТА НИЗ ЛИКОВНАТА И ПРИМЕНЕТАТА УМЕТНОСТ“

Сподели

 

Секој четврток во ДКЦ од 17:30-19:00 часот

Шестмесечен курс и работилници за деца: максимум број на учесници 15-20 деца.

Ваквиот концепт на курс и работилници за деца ќе се одвива во повеќе фази со намера да комуницира и создава уметност, едукација и да ја презентира ликовната уметност наменетa за деца на возраст од 8-11 години.

Прва фаза: март-април-мај
Втора фаза: септември-октомври-ноември
– еднаш неделно по еден час и тресетина минути во Детскиот креативен центар во МКЦ.

 

„Децата низ ликовната и применетата уметност“ има намера да ги води низ историјата на уметноста и да ги едуцира за уметнички правци, нивните карактеристики, ликовно изразување, запознавања на уметници и нивните дела што оставиле белег. Курсот и работилниците ќе се одвива преку применување на игра, печатење дела, проектирање уметнички дела и нивно перципирање, инспирирање, создавање, репродуцирање и дискутирање со цел да се запознаат со уметноста и нејзините карактеристики и процеси на работа.
Ментор ликовен уметник Dorotej Neshovski

Сите заинтересирани слободно можат да се пријават и дојдат.

***

Методи на работа: ликовни елементи и принципи; ликовни алатки техники; графика, линолеум, отпечаток; скулптура, моделирање, лиење, инсталација; керамика, применета керамика – создавање чаши, вазни, чинни, шишиња, печење, глазура; сито печат, техника стенсил, печатење маички, торби; карактер дизајн, создање на карактер за цртан филм; портрет по жив модел, техника пастел; мртва природа, техника темпера; репродукција – цртање и сликање значајни уметнички слики на македонски и светски уметници; презентирање македонски и светски уметници, запознавање со нивната уметност, печатење текст од карактеристиките за медиумот.

 

 

Уметнички правци: Почетоци – пештерско сликање, палеолит, мезолит, неолит, Египет, Месопотамија, грчка уметност, римска уметнсот, античка уметност, Азија, африканска уметност, персиска уметнсот, јапонска уметност, Среден Век, класицизам, реализам, импресионизам, романтизам експресионизам, фовизам, футуризам, суперматизам, баухаус, суреализам, надреализам, кубизам, поинтелизам, апстрактна уметност, модерна уметност, ленд арт, поп арт, оптичка уметност, минимал арт, графити арт, инсталација, јавна улична уметност, дигитална уметност, американска уметност, современа уметност.

 

Театар на сенки: Изработка на кукли и играчки; архитектура – перспектива, макети; креативни дневници – artistic book; графички и индустриски дизајн; стрипови; концепции; плакат; мурал; дизајн на облека; планетариум; експеримент физика; посета на изложби и музеи;

По завршување на курсот и работилниците ќе следува изложба, дискусија и презентација за сработените дела и знаење, и каков впечаток им оставила уметноста со дискусија за уметноста низ очите на децата искажана преку видеа.