Претседателот на парламентот Талат Џафери вечерва констатираше дека на владата не и е изгласана недоверба.
„Бидејќи немаме кворум за целта за којашто беше поднесено ова прашање, дневниот ред не е изгласан и не може да се отвара дебата според Деловникот, околу иницијативата за гласање за доверба на Владата. Во оваа ситуација кога надминува времето и не ни останува ништо друго, да констатираме дека на владата не и е изгласана недоверба и таа продолжува со полниот состав и со должностите што ги има. Предвидената материја за оваа седница е исцрпена и ја заклучувам оваа седница и констатирам дека седницата е завршена“, рече Џафери.
Според процедурите на Деловникот, Собранието има за право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис.