Џафери: Не е исклучена можноста Кастриот Реџепи да биде дел од актуелното мнозинство

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не ја исклучи можноста пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, кој денеска не се појави во Собранието и не обезбеди кворум за седницата за гласање на недоверба на Владата, да остане дел од актуелното мнозинство, но, како што рече, тоа сепак ќе биде лична одлука на Реџепи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше за денешните случувања во Собранието.

Според него, можно е од утре да се знае и тоа како ќе изгледа новото мнозинство.

Џафери не ја исклучи можноста пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, кој денеска не се појави во Собранието и не обезбеди кворум за седницата за гласање на недоверба на Владата, да остане дел од актуелното мнозинство, но, како што рече, тоа сепак ќе биде лична одлука на Реџепи.