Претседателот на Собранието Талат Џафери преку писмо бара услови за работа од генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски. Џафери прати известување и до сите служби на Собранието дека треба административно да профункционира работата на законодавниот дом на чело со новиот претседател, јавува 24Вести.
„За да се врати во функција Собранието и во нормална работна атмосфера претседателот Џафери ги даде последните административни насоки“, порача претеникот Артан Груби.
И додека Џафери се обидува да ја преземе власта во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со поранешниот претседател Трајко Вељаноски се собрани во кабинетот. Оттаму Антонио Милошоски порача дека на Македонија не и потребен нелегален претседател на Собрание, нелегална Влада и создавање на паралелни институции кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици објавувајќи фотографија на сите пратеници во кабинетот на претседателот на Собранието.