Џафери со честитка по повод 9. октомври, еврејскиот празник – Јом Кипур

Сподели

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до членовите на еврејската заедница во Република Северна Македонија, по повод 9. октомври, еврејскиот празник Јом Кипур.

“Би сакал од свое лично име, и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија искрено да ви го честитам 9.oктомври, еврејскиот празник – Јом Кипур.

На овој ден, кој е празник на проштевањето, упатувам искрени честитки со добри мисли и убави желби за здравје, благосостојба, семеен мир и радости. Но најмногу од сѐ, Ви посакувам длабоко во себе да го чувствувате мирот и спокојството  кои ги носи проштевањето со себе. Човечкото битие не е совршено и понекогаш греши, меѓутоа човечката големина се гледа во проштевањето и ширењето на позитивните вредности како љубов, меѓусебно разбирање, почит и толеранција.

Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, сакам да искажам почит кон еврејската заедница, која заедно со сите други заедници, значително придонесува во општествениот живот и развој на државата и во оваа убава празнична прилика, искажувам искрени желби за стабилна, напредна држава, дом на сите граѓани во кој е најважен добриот и квалитетен живот за сите.

Драги сограѓани, дозволете уште еднаш да речам – Честит празник и за многу години!” – честиташе Џафери.