Џафери со честитка по повод христијанскиот празник Велигден по грегоријанскиот календар

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод христијанскиот празник Велигден по грегоријанскиот календар.

“Почитувани граѓани, припадници на католичката вероисповед,

Ми претставува чест од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден на сите што го славите по грегоријанскиот календар.

Во овие тешки времиња во кои се чини секојдневно се појавуваат нови и различни предизвици кои од поинакви аспекти ги ставаат на тест некогашнашето физичко здравје, некогаш економската благосостојба, некогаш политичките игри и надигрувања, како врв на предизвикот се појавува тестирањето на нашата човечност, нашата солидарност и сочувство, нашата хуманост и ставање на вистинската страна на праведниот, на послабиот. Сепак, верувам и упатувам порака и до Вас почитувани граѓани, дека светлината на овој голем празник ќе ги осветли душите, срцата и умот на сите што некаде на тој пат на потрага по вечноста и славата ја изгубиле својата човечност и ја заборавиле вредноста на човечкиот живот и посегнале по него. Нека таа светлина ги осветли и стопли Вашите домови, нека Ве сплоти во молитвите и донесе мир и хармонија во Вашите мисли. Нека биде секој господар на својот дом, секој свој на своето, во светот има доволно место за сите нас!

Драги сограѓани, Ви посакувам убави и спокојни празнични денови. Честит католички Велигден!”, честиташе Талат Џафери.