“Чест ми е од свое лично и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, искрено и срдечно да Ви го честитам 22 Ноември, Денот на албанската азбука и да ви посакам да го поминете во убава и свечена атмосфера, така како што и доликува на празник кој што ја слави азбуката, јазикот и писменоста и воопшто убавиот збор како највисока цивилизациска вредност на човештвото. Јазикот, обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и развој за секој поединец индивидуално и за општеството и човештвото во целина. Нека убавиот збор биде водилка низ нашите животи” – изјави претседателот Талат Џафери.