Џафери упати телеграма со сочувство по повод смртта на Давид Сасоли

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати телеграма со сочувство до генералниот секретар на Европскиот парламент, Клаус Веле по повод смртта на претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли.

“Дозволете во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во свое лично име, да изразам најдлабоко сочувство до семејството,  најблиските и колегите по повод смртта на Претседателот на Европскиот Парламент, наш драг колега и пријател Давид Сасоли. Претседателот Сасоли, беше политичар кој гледаше во иднината, беше посветен на мирот и еднаквоста и беше силен поддржувач на проширувањето на Европската унија. Неговото наследство вклучува создавање на заедничко европско семејство кое ќе одговори на очекувањата на сите европски граѓани.

Со искрена почит кон неговото наследство, изразуваме жалење за неговата загуба заедно со неговото семејство и колегите од Европскиот парламент”, стои во телеграмата.