Џафери – Желјазков на заедничко положување венци во Базиликата Санта Мариа Маџоре

Сподели

 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Росен Желјазков, во Катедралата Санта Марија Маџоре заедно положија венци цвеќе пред плочите на македонски и бугарски јазик.

 

 

“Положувајќи венци на плочите, уште еднаш покажавме дека Парламентите се претставнички домови на граѓаните. Денес ние направивме обид и успеавме, како претставници на нашите народи да се состанеме и да покажеме дека и без оглед на одредени политичките ставови, граѓаните имаат поинакви ставови и гледишта во однос на добрососедството на двата народи и нивната иднина”, изјави Џафери.