Џон Малкович прогласен за почесен доктор на Универзитот Еуро Прима во Скопје

Сподели

 

Џон Малкович, прославен холивудски актер и режисер, синоќа, на свечена вечера во Скопје, беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на Универзитот Еуро Прима, чиј претседател е писателот Јордан Плевнеш.

Со ова, Малкович ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други.

Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа беседа за Малкович.

-„Чувствувајте се оваа ноќ како цвет во камен, бидејќи во историјата нема случајности“. Џон Малкович прогласен за почесен доктор на Еуро Прима, потенцираше Плевнеш.

– Сакам, прогласувајќи ве за Doctor Honoris Causa, да ве прогласам за Син на Вечноста во Минатото кое никогаш не минува и Иднината која никогаш не завршува! – рече натаму, во својата беседа, Јордан Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме.

Плевнеш, меѓудругото, му се обрати, како што нагласи, како кон свој изгубен син дочекан во Македонија и целиот Балкан, бидејќи неговото животно патешествие по татко, потекнувате од овој полуостров што Никола Бувие го нарече Срцето на Европа. „Вечерва драги Џон Малкович, Македонија и целиот Балкан ве дочекуваат.

-И затоа сите ние, балканските народи ве чувствуваме како свој , бидејќи со вашата импресивна уметничка биографија вам ви е татковина целата Планета Земја, а во античката лингвистичка традиција зборот Planetos означува осамен човек или скитник бидејќи токму 7 градови од античкиот свет спорат од каде потекнува Хомер. Во името на балканофилијата ќе ве пречекаме со една од најубавите метафори на балканската митологија: „Окован во тело, духот растеше како цвет во камен“, рече Плевнеш.

На крајот од обраќањето, Плевнеш ги спомна ликовите како Волкер Шлендорф, Пол Њумен, Стивен Спилберг, Бернардо Бертолучи и голем број други бесмртни имиња со кои вие оставивте во светската култура неизбришливи траги.

-Како естетски крешчендо на оваа ноќ во Македонија сакам да го истакнам вашиот однос кон времето бидејќи во историјата на светската цивилизација од Месопотамија и Вавилон и Епот за Гилгамеш, до Помпеја и средновековните мистици постои таканаречената Временска Капсула во која вие ја вградивте и вашата лична тајна снимајќи го филмот посветен на мистеријата „Меѓу Минатото, Сегашноста и Иднината, ја заврши Јордан Плевнеш својата вдахновена беседа. 

Веле Митаноски