Џорџ СОРОС: Тереза Меј нема долго да остане на власт

Сподели

Американскиот милијардер и инвеститор, Џорџ Сорос, изјавил дека британската премиерка Тереза Меј нема долго да остане на сегашната функција.

Тој за „Блумберг њуз“, на вечерата приредена на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, рекол дека тешко може да се очекува Меј да остане на власт, имајќи ги предвид поделбите во незиниот кабинет.

Премиеркта на Велика Британија во вторникот ги претстави плановите за преговори за излез на земјата од ЕУ, а Сорос оцени дека процесот Брексит ќе биде долг и оти „горкиот развод“ ќе им наштети и на двете страни.

Сорос, исто така, е познат и по тоа што оствари голем профит во 1992 година, кога типувал против британската фунта, која тогаш падна под однапред утврденото ниво и морала да се повлече од Европскиот механизам за менувачки курс.

Тој исто така рекол, дека лично е убеден оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да успее да ја спроведе политиката што ја најавил.