ЏУЛИАН КИНГ НАЗНАЧЕН ЗА ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕУ

Сподели

Англичанецот Џулијан Кинг денеска е избран за одговорно лице по безбедносните прашања на Унијата.

fill_642x386_70594536

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека Џулијан Кинг е назначен за член одговорен за безбедносните прашања на Унијата. Членството на Кинг во Комисијата ќе трае до 31. октомври 2019.

Претходно, по референдумот во Англија за напуштање на Европската Унија, највисокиот англиски функционер во ЕУ, Џонатан Хил, изјави дека дава оставка од членството во Комисијата.

Членството во Европската комисија е составено од по еден член од секоја држава-членка, односно од 28 члена. Комисијата работи како извршен орган на Унијата. Функцијата на Комисијата е подготвување предлог-закони, кои ги испраќа до Европскиот парламент и до Европскиот совет. Оваа институција исто така ги спроведува програмите и буџетот на Унијата.

Кинг претходно ја вршеше функцијата амбасадор на Англија во Париз.