ДИК: До 15 часот излезност од 22,56 %

Сподели

 

Државната изборна комисија информира дека до 15 часот излезноста на гласачите на референдумот е 22,56 отсто.

Најголема излезност има во Карпош 23,97, Крушево 20,77, Липково 22,25, додека најмала во Босилево, Василево, Зрновце.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека најчестите приговори од граѓаните се за тоа што не можеле да се најдат на избирачкиот список на соодветна адреса. Проговори има и од гласачи кои неодамна го стекнале  избирачкото право, но се уште не се запишани во списокот на гласачи.

Дерковски рече дека процесот на гласање тече во нормални услови со исклучок на неколку помали инциденти, по кои како што рече надлежните институции брзо и навремено постапиле.