ДИК до недела на полноќ треба да ги потврди листите

Сподели

dik

Државната изборна комисија најдоцна до недела на полноќ треба да ги разгледа и потврди листите за пратеници кои партиите ги доставија за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, односно 48 часа од доставувањето на листите.

Во случај членовите на ДИК да констатираат неправилности, учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче ќе треба да 20 ноември.

Покрај пријавувањето на листите, на полноќ истече и рокот за пријавување државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, но и за лицата со спорни записи и увидот во избирачкиот список.

Од Комисијата соопштија дека 20.293 пријави од државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, од кои се прифатени 18.706. Најмногу пријави, како што соопштија од ДИК има од Берн, Детроит и Венеција, од каде е и носителот на листа во на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Рамазам Мифтароски.