ДИК: Граѓаните да излезат на избори-исполнети се сите услови за безбедно гласање

Сподели

 

“Апелирам граѓаните да излезат утре и да гласаат и да бидат сигурни дека се исполнети сите услови за безбедно гласање, пред се за нивното здравје и за здравјето на сите што учествуваат во организација на овој процес. Да ги почитуваат препораките и процедурите, како од нас така и од здравствените власти се со цел заштита на овој процес,а и заштита на нивното здравје, изјави Оливер Дерковски на денешната прес-конференција.

За шепекулациите за броење на гласови, претседателот на ДИК кажа дека гласачките ливчиња од вчера и денеска ќе се бројат заедно со сите останатите гласачки ливчиња.

Дерковски ги замоли сите и учесниците во политичката трка да ги остават граѓаните слободно да го остварат своето гласачко право.

– Вчерашниот, денешниот и утрешниот ден се денови на ДИК и денови на граѓаните за да го исполнат своето гласачко право. Уште еднаш апел – воздржете се сите, оставете ги граѓаните да си ја донесат вистинската одлука”, потенцира Дерковски.

И останатите членови на ДИК апелираа сите учесници во изборите да го почитуваат молкот. Укажаа дека гласачите можат да гласаат само со важечка лична карта и важечка патна исправа, а избирачките одбори и комисиите да ги почитуваат упатствата од ДИК.

Борис Кондарко нагласи дека гласањето е слободно, тајно и безбедно. Информира дека се преземени се сите мерки на здравствена заштита, немало никакви поплаки и се почитуваат препораките. За денешните објави на социјалните мрежи, во име на ДИК објасни дека гласачките ливчиња се изработени согласно закон, нивната заштита и содржина се според закон.

– Граѓаните треба да бидат спокојни дека со гласачките ливчиња по ниту еден основ не се можни никакви злоупотрби, манипулации или фалсификати, рече Дерковски. Соопшти дека гласачките ливчиња имаат десетици заштити, некои видливи и невидливи. На ниедно гласачко ливче нема сериски број, кој е на кочанот, кој останува во избирачкиот одбор.

Дражавната изборна комисија попладнево во рамки на продолжението на 77 седница разгледа нови приговори за повреда на личното избирачко право, поднесени од неколку граѓани и сите ги одби. Членовите на ДИК дискутираа и за три акти доставени од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и констатираа да се вратат повторно во оваа институција.