ДИК: Отворен едукативен ден за граѓаните

Сподели

По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, Стручната служба на Државната изборна комисија организира прв Отворен едукативен ден за граѓаните.

Ова е прв пат од своето постоење ДИК да ги отвори своите врати за граѓаните, а интенцијата е ваквите денови да станат редовна пракса. Граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК.

На овој ден сите заинтересирани граѓани можат да ги посетат просториите на ДИК, каде ќе проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список.