Државната изборна комисија го објави распоредот на прес-конференциите што ќе се одржат утре и задутре (10 и 11 декември) во нивните простории.
За утре, 10 декември, ДИК закажа прес-конференција во 12 часот, на која ќе се говори за логистиката на денот на изборите.
За недела, на 11 декември, закажани се прес-конференции во 11, 14 и во 18 часот, на кои ќе се соопштува излезноста на граѓаните. Од 19 часот па натаму ќе бидат соопштувани резултатите од избирачките места во живо.
– Прес-конференциите се отворени за домашните медиуми, домашните и странските акредитирани набљудувачи, странските акредитирани новинари, како и за овластените претставници на подносителите на листи на кандидати – се вели во соопштението на ДИК.