Димитров-Дендиас: Нова ера во нашите односи и импулс за збогатена билатерална соработка

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

 

 

На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка, со посебен осврт на политичките односи и економските активности, како и за европската перспектива на Северна Македонија и регионот. Исто така, беа разгледани и можностите за зајакнување на секторската соработка,економската размена и инвестиции.

„Посетата на МНР Дендиас доаѓа во вистинско време и е сигнал на новата ера во нашите односи и импулс за ослободениот потенцијал за збогатена билатерална соработка. Ние сме природни сојузници кои ќе негуваат и стратешко партнерство, како во НАТО, така и во ЕУ“ – изјави министерот Димитров.

Од грчка страна беше реафирмирана континуираната поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, Грција ќе продолжи да биде наш силен поддржувач и промотор за отпочнување пристапни преговори за членство во ЕУ.

 

 

На разговорите беа разгледани модалитетите и можностите за унапредување на политичкиот дијалог, како и ангажманот на двете држави во имплементацијата на обврските од Преспанскиот договор. Беше нагласена потребата од почитување на духот и словото на Договорот, и притоа беше истакнато дека суштинската и навремена имплементација на преземените обврски е од клучно значење и за развојот на севкупните односи помеѓу двете земји.