Димитров до амбасадорите од ЕУ: Можеме да бидеме фактор на успех

Сподели

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија, повторно ја нагласил заложбата на Македонија за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ и потребата да се посвети внимание на процесот на интеграција во ЕУ.

Димитров исто така информирал за конкретните реформски активности во  правосудството, добро владеење, јавната администрација и следење на комуникациите, извести Министерството за надворешни работи.

– Треба да ја искористиме секоја шанса за напредок. Ние ќе направиме се да ве убедиме дека можеме да бидеме фактор на успех, за нас, за регионот и за Унијата – истакнал Димитров.

Според министерството, амбасадорите ја нагласиле важноста за постојано одвивање на реформите и неопходноста Република Македонија да се фокусира на спроведување на итните реформски цели.

meta.mk