Јуни 2019 година
Ќе не’ биде! Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе не’ биде. Колку повеќе пречки, толку поголема радоста на крајот. Го пропуштивме времето кога патот беше асфалтиран, сега ќе се качуваме по планински пат, тесен и стрмен, покрај дожд и силен ветар. АМА ЌЕ НЕ’ БИДЕ! И сите тие кои уште се намрштени, збунети, скептични, без надеж – и нив ќе ги мотивираме. Време е генерацијо да засукаме ракави и да си ја завршиме нашата мисија. Да расчистиме со предизвиците за нашиот идентитет, државност и сигурна иднина.
И последно, исцрпувачки ден беше денес!
Фб статус, Никола Димитров