Димитров на форум во Грција со Ципрас и Дачиќ

Сподели

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе биде еден од учесниците на „Делфи економскиот форум“ во Грција, што започнува денеска, а ќе трае до 3 март.

Димитров утре вечер ќе има обраќање на пленарната сесија, а ќе говорат и грчкиот премиер Алексис Ципрас, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, вицепремиерката на Романија, Ана Бирчал и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Свеченото отворање на форумот е закажано за денеска попладне со обраќање на претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, претседателката на Европскиот културен центар во Делфи, Хелен Арвалер, европскиот комесар, Христос Стилианидис и израелската министерка за социјална еднаквост, Гила Гамлиел.