Димитров: Ратификуван Протоколот во Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД

Сподели

“Помина ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД”, напиша министерот Никола Димитров на својот ФБ профил.

Ратификацијата на Протоколот заеднички на Facebook ја објавија министерот за надворешни работи, Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.

Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.

Зелено свето за влез на Северна Македонија во НАТО досега дадоа 21 земја членка на Алијансата. Се очекува наскоро тоа да го направат преостанатите осум држави сојузници со што земјава и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.