-“Заслужуваме чиста одлука за почеток на преговори, но политиката е уметност на можното и ќе сториме се што можеме, ќе вложиме максимален напор за да одиме напред.”
-” Една од главната лекции во минатото ни беше како национализмот се користеше за покривање на корупцијата и злоупотребата на службената должност. Ова е борба меѓу минатото и сегашноста, национализмот и патриотизмот, чувството дека сме жртва, дека соседите се лоши. Ќе го сториме најдоброто и верувам дека ќе биде доволно. Верувам дека луѓето во Македонија во минатото правеле мудри избори на вакви историски крстосници. Подобро е опозицијата повеќе да мисли на земјата, отколку на својата политичка кариера, но сите ќе созрееме во тој процес”.
Изјави, Никола Димитров на Самитот „ЕУ – Западен Балкан”