Директорот на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски поднесе оставка од функцијата поради лични причини. Оставката ја потврди и премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека досегашниот директор на ЕСМ ја имал потребата да му се посвети на своето семејство.
За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот изјави дека тие разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усмено, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница.
– Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.
Премиерот Ковачевски информираше дека ќе биде препорачано за нов директор на АД ЕСМ да биде избран Васко Стефанов, кој претходно беше директор на АД Пошти и на Водостопанство и имал големо менаџерско искуство.