Кадрите на СДС, ДУИ и Левица управуваат со хаосот продуциран од Данела Арсовска и крими интересите на Ковачевски, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Еве дел од тие кадри:
Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ.
Директор на ЈСП е Александар Стојковски од СДС.
Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ.
Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.
Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.
Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.
Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица.
Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.
Еве ги лицата кои управуваат со хаосот на Арсовска.
Вистинските прашања кои заслужуваат одговор се:
Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга?
Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот на договорот со ЈСП за нафта кој го нема, а во сите претходни договори имало.
Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во градот Скопје и ЈСП?
На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје?
Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје.