Директорот на „Samsung“ приведен поради корупција

Сподели

 

Главниот извршен директор на јужнокорејската компанија „Samsung Group“, Џеј Ли е уапсен поради неговата наводна улога во корупцискиот скандал, движејќи се во последните месеци на највисоките нивоа на власта во Јужна Кореја. Тоа е директен удар врз најголемиот производител на смартфони и мемории во светот, пишува Ројтерс.

48-годишниот Ли е притворен во централниот затвор на Сеул на 24 часа, додека специјалното обвинителството процени дали има потреба од продолжување на овој рок.

Ли е осомничен за трговија со влијание, а скандалот доведе до импичмент на претседателот Пак Кан Хе во декември, кој ќе биде прв демократски избран лидер на земјата, кој ќе биде принуден да ја напушти функцијата. Тоа ќе се случи откако Уставниот суд ја потврди одлуката на парламентот.

Samsung и Ли ги негираа обвинувањата за случајот.

„Ќе се потрудиме за да се осигураме дека вистината ќе биде откриена во претстојните судски постапки“, рече Ли во кратка изјава по неговото апсење.

Минатиот месец судот го отфрли барањето на обвинителството за апсење на Џеј Ли, но сега се обезбедени дополнителни докази кои биле доволни за судиите. Тие се поврзани со давање мито.