ДКСК со демант за случајот со синот на Стојчевска – сеуште се прибира документацијата по предметот

Сподели

Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста дека сеуште се прибира и обработува документацијата поврзана со отворените предмети за вработувањата со сомневање за непотизам и оттаму ја демантира шпекулацијата изнесена во медиумите дека „Антикорупциска веќе утврдила дека синот на Стојчевска незаконски се вработил и не ги исполнил условите утврдени со конкурсот“ – се вели во соопштението на ДКСК.