До Собранието е доставено Барање за гласање за доверба на Владата

Сподели

 

Во Собранието на Република Северна Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија и истата е архивирана од надлежните служби, информираат од Собранието.

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот,  Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата.