Доделување на државната награда „8 септември“ 2024

Сподели

Утре, на 7 септември 2024 година, во Кристалната сала на Собранието, во 11 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2024 година.

Борче Костовски е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на РС Македонија на меѓународен план.

Додека наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски, Димитар Јованов.