“Најмалку пет пати го прочитав “Договорот”. Не памтам, не знам за случај, кога некој пропаднат брак оживеал затоа што двете страни се “договориле”. Можеби се “договориле”, но тежината останала. Независно од се`, независно дали ќе има или ќе нема избори, македонската драма ќе продолжи. Ве уверувам дека вакви неприродни работи невозможно е да завршат на ваков филмски неуверлив начин. Тоа е спротивно на тој Божествен принцип за промени, како во сред зима да глумите дека дошло лето, само затоа што некој ве натерал да поверувате и ви облекол маичка со куси ракави.”