Дојави за бомби во вилата на Претседателот, Управен суд, музеи и други објекти во Скопје

Сподели

 

Денеска, 21 февруари, пријавено е дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен-куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот – Вила Водно, х. Мериот, х. Александар палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.