Докторка од Клиниката на кожни болести не ги почитувала препораките на заштита и превенција од коронавирус

Сподели

 

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче ја извести јавноста за нов случај заболен од коронавирусот.

Министерот беше видно разочаран бидејќи пациентката била доктор, директорка на Клиниката за кожни болести и не ги почитувала препораките од Министерството за здравство за самоизолација при враќањето од Италија и пет дена присуствувала на своето работно место.

“Со исклучително посебно внимание пристапуваме кон мерките на Клиниката за кожни болести, екипата на Јавно здравје во моментов прави проценка на ризик за сите што биле во контакт со заболената, како вработените така и пациентите, можно е согласно проценката на епидемиолозите денеска одделот да биде целосно затворен, а сите што биле во непосредна близина и контакт ќе бидат испратени во домашна изолација” – изјави министерот Филипче.