Документарни филмови : „Бувот и китот“ и „Враќањето на Бувие“

Сподели

Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Швајцарија и
Кинотеката на Северна Македонија имаат чест да ве поканат на 28. март, на РАЗГОВОР помеѓу Cедрик Гра, еден од најзначајните француски писатели патописци, и Грегоар Леменаже, уредник на културната редакција на списанието „Ле Новел Обсерватер“, на тема патописна книжевност, како и за големиот патописец Никола Бувие и на проекцијата на документарните филмови „БУВОТ И КИТОТ“ на Патрисија Платнер (1993).

За време на соработката на Бувие со Патрисија Платнер, еминентниот писател ги открива причините за своето постоење, но и причините поради кои станал писател.

„ВРАЌАЊЕТО НА БУВИЕ“ на Јордан Плевнеш (2010)
Во овој документарен филм, еминентниот македонски писател и драматург Јордан Плевнеш, во придужба на сликарот Клод Дер Вен, се упатува кон Женева на средба со Никола Бувие, а потоа заедно се враќаат во Прилеп.

Со консекутивен превод | Слободен влез