Долниот дом на британскиот парламент гласаше за одлагање на Брегзит

Сподели

Експресно гласање во британскиот парламент, во само еден ден беа завршени сите три читања на предлогот за одлагање на Брегзит. Наредното гласање треба да биде во Горниот дом на парламентот.

Со 313 гласови „да“ и 312 „не“, Предлог законот за одлагање на Брегзит помина со само еден глас мнозинство.

Велика Британија до 12. април треба да усвои договор за Брегзитот и да подготви нов план, или да ја напушти ЕУ без договор, што би предизвикало огромни проблеми и последици за граѓаните и бизнисите во таа земја, но и во ЕУ.

Тереза Меј сака да добие одложување до 22 мај, со што би се спречило учество на Велика Британија на европските избори, кои се одржуваат од 23 до 26 мај.