„Домаќинката“ на Бачев и Мицов, пратеничката Инга задржана и испрашувана њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“

Сподели

 

Руската пратеничка Инга Јумашева, инаку радио и ТВ водителка, била задржана и испрашувана при пристигнувањето на њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“.

За задржувањето околу еден час на 34-годишната пратеничка руското Министерство за надворешни работи (МНР) во неделата најавила протест до САД, а протестна нота до Стејт Департментот поднела амбасадата на Русија во Вашингтон. Јумашева не се произнела за инцидентот, јавува сервисот на „Би-би-си“ на руски јазик.

За случајот молчело и руското МНР и за него се дознало откако реагирал еден од повисоките претставници од руската дипломатија во САД. Тој во саботата вечерта рекол дека Инга Јумашева била задржана кога допатувала во САД два дена претходно заради учество во руско-американскиот форум „Дијалог Форт-Рос“ и била „нелегално задржана“ пред пасошката контрола.

„Пратеничката Инга Албертовна Јумашева била задржана на аеродромот во Њујорк, ја замолиле да влезе во друга просторија и припадник на ФБИ, којшто се претставил, ја испрашувал околу еден час“, го цитира руската државна агенција ТАСС припадникот на руската дипломатија, Анатолиј Антонов.

Според него, припадникот на ФБи и предложил на Јумашева „да го продолжат разговорот“ на средба „во неформална средина“.

Инаку, Јумашева беше една од пратениците што ги пречекаа претседателот на партијата Единствена Македонија и д-р Стефан Влахов Мицов во април минатата година, кога тие одеа да агитираат за стратешки сојуз со Русија.

За задржувањето, инаку, преку нивната Фејсбук-страница, претпладнево реагираше и „Единствена Македонија“, која го осуди задржувањето на Јумашева на информативен разговор, за кој партијата вели дека се случило „вчера“. Притоа, велат од партијата чија што главна определба е стратешки сојуз со Русија, велат дека на пратеничката ѝ биле поставувани „неприфатливи прашања“.

„Притоа, од агентите на ФБИ на Јумашева ѝ биле поставувани „нејасни и неприфатливи прашања„ а потоа понудиле да продолжи разговорот со нивниот шеф на кафе муабет во неформален амбиент со што само го покажува очајот на ЦИА во обидот да врбува лица по насилен пат на аеродромите. Но, агентите на ФБИ ја згрешиле адресата!“, вели Единствена Македонија, порачувајќи дека „Јумашева е голем пријател на Македонија и македонскиот народ“.

мета.мк