Донаторска акција на “Една може” за еднородителски семејства во ризик

Сподели

 

Организацијата „Една може“ од денеска започнува активности поттикнати од вонредната состојба за поддршка на еднородителски семејства во ризик. Преку оваа иницијатива која се одржува под слоганот „Заедно во се!-Емпатија, солидарност, споделување“, организацијата ги повикува сите компании да донираат прехрамбени, хигиенски, дезифициенски и разноврсни добра.

– Иницијативата „ЗАЕДНО ВО СЕ! – СОЛИДАРНОСТ, ЕМПАТИЈА, СПОДЕЛУВАЊЕ“ има свои хаштази на кои ќе ги обедини сите компании кои ќе донираат, ќе им издаде признаници за учество во благороднава мисија и прибраните донирани добра ќе ги насочи кон најранливите семејства, а сите активности може да се следат јавно на нивната ФБ страница: https://www.facebook.com/onecanednamozhe/. Колку повеќе ќе соберат, толку повеќе трпези ќе наполнат и толку повеќе жени и деца ќе имаат пристап кон дезифициенси, хигиенски средства и ќе можат да се самозаштитат а од Една може! Донаторските пакети ќе им ги доставуваат до праговите на нивните домови, истакнува Дороти Пачкова, експертка по родови прашања и предводничка на „Една може!“

Тие што сакаат да донираат можат да воспостават контакт со претставници на органиацијата на имејлот onecan2015@yahoo.com или на мобилниот телефон во работно време: 071/936497, на двата ад хок пункта на Една може! – или во Карпош 1 или во Аеродром.

Овие активности, како што соопштуваат од организацијата, се иницирани од мноштвото дојави и барања за поддршка од страна на целната група – самохрани мајки, повеќекратно дискриминирани жени и девојки и жртви на насилство. Помеѓу барањата за поддршка, најбројни биле оние на мајки со деца кои само од нив зависат, а биле дел од неформалниот пазар на труд и/или останале без вработување или извори на финансирање поради новонастанатата пандемична состојба предизвикана од Ковид-19.