Донација од 50.000 маски и 10.000 дезифициенси од амбасадата на САД за изборите

Сподели

 

Амбасадата на САД во земјава денеска на Државната изборна комисија и предаде донација од 50.000 заштитни маски и 10.000 дезинфициенси како помош и поддршка во напорите на владата да се одржат безбедни избори и да се заштити здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес.

– Чест ми е што сум тука со претседателот на ДИК Оливер Дерковски да му ја предадам оваа донација во иметот на владата на САД. Се надеваме дека оваа донација ќе даде придонес на напорите на владата на Северна Македонија да се одржат сигурни и здравствено безбедни избори – рече американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, и притоа потенцира дека САД ја поздравува владата за нејзината посветеност на демократските вредности, како што рече,  дури и за време на овие тешки времиња.

Таа потенцира дека заштитната опрема и дезинфициенците се исклучително барани во светот за време на оваа пандемија бидејќи, како што рече, сите земји се обидуваат да обезбедат доволно количини за да ги заштитат своите граѓани.

– Ние сме задоволни од тоа што владата презема активни мерки да овозможи да се одржат безбедни избори и да ги заштитат граѓаните и лицата кои се вклучени во организацијата на изборниот процес – рече таа додавајќи дека ова е особено важно и поради тоа што ова се први избори кои се организираат во земјава во услови на пандемија.

САД, потенцира американската амбасадорка, „остануваат посветени поддржувачи на нашиот партнер Северна Македонија – нашиот нов НАТО сојузник во справувањето со оваа глобална криза“.

Претседателот на ДИК Дерковски, се заблагодари за одѕивот на американската Амбасада на повикот на Комисијата за поддршка во неопходните санитетски материјали.

– Десет илјади средства за дезинфекција и 50.000 заштитни маски кои се донација од американската Абасада и нејзините организации и те како ќе ни помогнат во организација на овие избори, се со цел да овозможиме нашите граѓани да им биде обезбедена најголемата можна заштита при изборниот процес – рече претседателот на ДИК.

Тој изрази надеж и уверување дека соработката на ДИК и американската Амбасада и во иднина ќе продолжи во, како што рече, во овој правец во кој се движела порано и сега.

МИА