Донација од 50.000 заштитни маски од Кина ќе бидат наменети за здравствените работници

Сподели

 

Градот Скопје денеска почна со дистрибуцијата на донацијата од 50.000 заштитни маски од збратимениот град Нанчанг, од Кина, кои ќе бидат наменети за здравствените работници во повеќе здравствени институции во Скопје.

 

 

“Дозволете да изразам голема благодарност до граѓаните на градот Нанчанг и до мојот колега градоначалникот Хуанг Шиџанг за оваа донација, да се заблагодарам на амбасадата на НР Кина која помогна во интензивната комуникација и до Владата на Република Северна Македонија за логистиката при транспортот на овие маски. Денеска симболично почнуваме со дистрибуција на маските и на Градската болница „8.Септември“, на Инфективното одделение, ќе предадеме 2.000 заштитни маски за вработените во ова одделение. Дел од маските, во соработка со Министерството за здравство, ќе завршат во здравствените институции што се наоѓаат на територијата на нашиот град – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов на предавањето на донацијата во болницата „8.Септември“.

 

 

“Ова е време во кое сите мораме да се грижиме за здравјето на здравствените работници за тие да можат да им помагаат на луѓето во оваа светска пандемија.”

Утре е 1 Мај, Денот на работниците, па дозволете 1 Мај да го посветиме на здравствените работници. Ги замолувам граѓаните да останат дома и да се придржуваат до мерките, за да можеме што побргу и поедноставно да излеземе од епидемијата – рече Шилегов.