Во изборна кампања, државата ќе се задолжи со 113,5 милиони евра кај домашните кредитори, во вторник, на 29 ноември. Утредента, пак, на 30 ноември, власта треба да врати 53 милиони евра.
До денот на изборите, власта треба да врати вкупно 124,6 милиони евра, а до крајот на годината треба да врати вкупно 160,5 милиони евра.
Овие доспеани долгови се однесуваат само на домашните државни хартии од вредност.