Државниот архив откупува архивски материјал

Сподели

Државниот архив откупува архивски материјал врз основа на определени критериуми, со цел Архивот да се збогати со нови приватни и семејни фондови, кои сведочат за животот и дејствувањето на заслужни личности.

Формуларите за понуди за откуп се доставуваат во архивата на Државниот архив пропратени со Изјава за сопственост и основен попис на документите кои се нудат и самите документи.

За понудата одлучува Комисија за откуп и подарување на архивски материјал од приватни иматели составена од стручни лица.

Повеќе информации за тоа што претставува архивски материјал може да се добијат на електронската пошта prezemanje@arhiv.gov.mk, во Државниот архив-централен дел и неговите Одделенија во Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Струмица, Штип и Куманово